дома Македонија ГРАЃАНИТЕ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА: Црвено-жолтите штитови се народот кој ќе застане...

ГРАЃАНИТЕ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА: Црвено-жолтите штитови се народот кој ќе застане во одбрана на државата!

Денеска започнува седмата недела, како граѓаните во голем број се бори за задржување на унитарноста на Република Македонија. Веќе седум недели тие порачуваат дека се против двојазична и бинационална држава, дека не сакаат вовед во дебати кои ќе значат промена на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, вели дека граѓаните се браникот на оваа држава.

-Ова е седмата недела од нашите протести, и денеска сме тука ќе маршираме од Владата до Собранието, заедно со црвено-жолтите штитови, кој го претставуваат народот, црвено-жолтото море, црвено-жолтата линија, браникот на оваа држава, браникот на унитарна и суверена Македонија, изјави Илиевски.