дома Локално Граѓаните на Куманово и вечерва категорични: НЕ за двојазичност

Граѓаните на Куманово и вечерва категорични: НЕ за двојазичност

Кумановчани ниту вечерва не пропуштија да дадат поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Граѓаните на Куманово порачаа дека се за унитарна и суверена држава и повторно кажаа „НЕ“ за двојазичноста и дебатите кои се вовед во промена на знамето, химната и грбот на Република Македонија.

Тргнаа од соборниот храм „Свeти Никола“, поминаа низ централните градски улици и булевари, пеејќи македонски патриотски песни, и ги повикаа граѓаните да застанат на браникот на татковината.

Маршот заврши пред јарболот каде што се вее македонскто државно знаме. Учесниците ја испеаја Македонската химна, а говорниците упатија пораки да се зачуваат уставот на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, да не се менуваат химната и знамето, да не се менува јазикот и се што ја чини, како што рекоа, суштината на унитарна Македонија.