дома Македонија ГРАЃАНИ НА ПЈРМ, ЗАЕВ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ХАН: Јоханес Хан ќе зборувал...

ГРАЃАНИ НА ПЈРМ, ЗАЕВ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ХАН: Јоханес Хан ќе зборувал со Заев откако кризата во ПЈРМ конечно била надмината

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, одржана еден час пред неговата средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ословувајќи ја македонската држава со „ПЈРМ”, порача дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека денеска главна тема во разговорите со Заев ќе бидат Итните реформски приоритети.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, невообичаено за него, комесарот Хан не ја употреби целата референца за Македонија, туку само акронимот „ПЈРМ”, на денот кога ја пречекува високата делегација на новата македонска Влада, предводена од премиерот Заев, а во која се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.

Освен со Јоханес Хан, високата делегација на македонската Влада, денеска во Брисел се среќава и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.