дома Македонија ГРУБИ И ЗЕКИРИ ЌЕ ГИ БИРААТ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ: Тие ќе ја водат постапката...

ГРУБИ И ЗЕКИРИ ЌЕ ГИ БИРААТ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ: Тие ќе ја водат постапката за новиот антикорупционерски состав во Комисијата за антикорупција

Пратениците на ДУИ и СДСМ – Артан Груби и Мухамед Зекири се предложени од владеачкото парламентарно мнозинство како членови на Изборниот комитет кој ќе треба да ја избере, односно да ја води постапката за новиот антикорупционерски состав во Комисијата за антикорупција, објави Фактор.

Од страна на опозицијата прифатени се предлозите тоа да бидат Зоран Илиовски и Владанка Авировиќ. Од страна на Владата се предлозите за Сабина Факиќ и Бесим Небиу. На предлог на стручната јавност е прифатен адвокатот Драги Целевски.