дома Македонија Груби порача: Македонците да го поддржат Заев

Груби порача: Македонците да го поддржат Заев

Вицепремиерот Артан Груби истакна дека граѓаните треба да го поддржат премиерот Зоран Заев во текот на преговорите со Бугарија.

Груби истакна дека идентитетот на Македонците нема да се промени и тие нема за што да стравуваат. 

– Сакам да дадам огромна поддршка до премиерот Зоран Заев во неговите напори да се откочи нашиот пат кон Европската Унија и се сеќавам на истите вакви реакции и кога се постигнуваше договорот со Грција, Преспанскиот договор. Дел од граѓаните имаа исто вакви реакции, но денеска после две години сите го славиме наше членство во НАТО и сите гледаме дека нашите сограѓани останаа Македонци, зборуваат македонски јазик и државата си остана каква што ја знаевме и пред Преспанскиот догово. Така ќе биде и по договорот со Бугарија и со отворањето на преговорите со Европската Унија. Затоа мојте сограѓани Македонсци нема за што да стравуваат туку треба да ги поддржат Заев и Владата во откочувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ затоа што од тоа придобивка има целото општество – посочи Груби.