February 29, 2024, 11:44 pm

ГРУЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и соодветно ако СДСМ се обиде насилно да избере претседател на Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку СДСМ влезе во такво сценарио за кое се заговара деновиве на неправно, незаконско, недемократско, неделовничко однесување во Парламентот, треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро, а треба да очекува дека и народот во Македонија ќе има сериозна реакција според она што можеме да го видиме деновиве.

gruevski-izjava-640x395

Ова денес го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи ја новинарско прашање околу гласините дека СДСМ планира насилен избор на претседател на Собранието.

-Тоа би било голема грешка на СДСМ во правец на нарушување на демократијата на Република Македонија и нарушување на стабилноста во земјата. Народот е прилично сензибилитиран, народот е свесен дека Заев има преземено обврски, дека добива фактура која сама ја договорил, дека ќиријата му е висока, но народот и државата не се должни да ја плаќаат неговата фактура и тој треба да го знае тоа. Овој народ е свесен, знае што се случува, гледа какви обврски преземал Заев и неговата банда од СДСМ криминалци и реагира секојдневно на улиците. Го предупредувам да не си поигрува со демократијата во Република Македонија, да не си поигрува со народот бидејќи оваа држава не е негова, државата е на народот и тој не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија, платформи од туѓи држави и тоа после избори и откако ги исполажа луѓето. Да не мисли дека тоа ќе помине туку така и дека народот ќе остане со скрстени раце. ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и ќе одговори соодветно, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This