дома Политика ГРУЕВСКИ ГО ПОСЕТИ МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ: Трескавец останува културното и духовното богатство на...

ГРУЕВСКИ ГО ПОСЕТИ МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ: Трескавец останува културното и духовното богатство на Република Македонија

Го посетив манастирот Трескавец каде во тек се градежните работи за изградба на нови конаци, како и реконструкција на оштетениот опожарен дел. За сето ова беа обезбедени и се инвестираат 1.8 милиони евра, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

-Претходно беше изграден и патот кон Трескавец за што беа вложени над 1.4 милиони евра. Трескавец останува културното и духовното богатство на Република Македонија, напиша Груевски кој денеска е во посета на Прилеп.