дома Социјални Мрежи ГРУЕВСКИ ГО „ТРОЛА“ ЗАЕВ: Честито победа на Македонските ракометари, добра прилика за...

ГРУЕВСКИ ГО „ТРОЛА“ ЗАЕВ: Честито победа на Македонските ракометари, добра прилика за уште еден телефонски разговор со Порошенко

Екс-премиерот Никола Груевски им ја честиташе победата на македонските ракометни репрезентативци на Европското првенство во Виена, а го потсети и Заев дека ова е добра прилика да оствари нов разговор со Порошенко

Честитки за победата на репрезентацијата на Македонија во ракомет против Украина.
Прва утакмица на ова европско првенство и прва победа.
Шампионите не се откажуваат од Македонија!

Добра прилика да се направи уште еден пријателски разговор со Порошенко:) – напиша Груевски на фејсбук.

Минатата година, премиерот Зоран Заев обавил неколку телефонски разговори со руски пранкери кои се претставиле како екс-украинскиот претседател Петро Порошенко но и ген.секот на НАТО Јенс Столтенберг. До објавувањето на разговорите јавно, Зоран Заев веруваше дека разговара со вистинскиот украински претседател.

Оваа шега тогаш од владата ја протолкуваа како „хибриден напад“. Смешно.