дома Актуелно ГРУЕВСКИ: Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, подготвени сме да одиме...

ГРУЕВСКИ: Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, подготвени сме да одиме во опозиција

Со вакви барања не им се помага ни на Македонците ни на Албанците, туку само ќе им ги нарушат мирот и стабилноста и ќе создадат дополнителна нетрпеливост која во некои случаи е видлива и ќе не раскара дополнително“, смета Груевски

Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, ние сме подготвени да одиме во опозиција и како опозиција ќе направиме се што е во наша моќ да не се прифатат во Парламентот барања кои се нелогични и штетни за целата држава, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Со вакви барања не им се помага ни на Македонците ни на Албанците, туку само ќе им ги нарушат мирот и стабилноста и ќе создадат дополнителна нетрпеливост која во некои случаи е видлива и ќе не раскара дополнително“, смета Груевски.ж

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија би сакала да им помогне на сите граѓани.

„Ние сакаме да им помогнеме на сите граѓани, и на Македонците и на Албанците и на Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и другите да имаат подобар живот преку економијата, нови работни места, зголемени плати, пензии, социјална помош, вработувања, подобри можности за младите, постарите, пензионерите, земјоделците, образованието и здравството. Сакаме да помогнеме и ако некаде има проблеми со употребата на јазикот, но да е логично, објасниво и кога ќе го каже некој некаде да се разбере. Но не да е нешто нелогично, со што некој сакаше да направи пресврт во изборите, да ги залаже албанските гласачи со некои национал-романтични понуди со кои во суштина нема да добијат ништо посебно, но ќе направат голем проблем и штета насекаде низ државата, вклучувајќи и големи финансиски издатоци и проблеми во секојдневниот живот“, посочи Груевски.