дома Македонија ГРУЕВСКИ ДО ЗАЕВ: Без разлика кој ќе биде претседтел на ВМРО-ДПМНЕ, нема...

ГРУЕВСКИ ДО ЗАЕВ: Без разлика кој ќе биде претседтел на ВМРО-ДПМНЕ, нема да го скршиш духот на Македонецот!

Тргнат е да ослободува лица кои убиле деца, има иницијативи Смилковско езеро беше дел од договорот на Тиранската платформа. Има најави, потврдено и од самиот Заев дека ќе ослободува криминалци, над 1.050 криминалци. Прават монтирани случаи, до кога?, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето на ТВ Алфа.

-Нема да го скрши духот на Македонецот, нема да го скрши духот на овој граѓанин без разлика дали Груевски ќе е лидер на ВМРО-ДПМНЕ или не, дали Груевски ќе го стави тој во затвор или не. Што и да се случи сакам да му порачам дека нема да го скрши духот на Македонецот во оваа држава и нема да ги постигне своите валкани цели, потенцираше Груевски.