February 26, 2024, 5:29 pm

ГРУЕВСКИ ДО СДСМ: На сила дојдовте на власт, прво направете нешто, па после зборувајте- медениот месец ќе ви помине и ќе треба да испорачате резултати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го слушнав вчера Оливер Спасовски кај што кажа дека ќе требало многу време за да се сределе работите коишто ние сме ги правеле, во смисла дека ние сме направиле лошо. Како што тој рече, режимот што траел десет години. Јас вака сакам да му одговорам на Оливер Спасовски. Оваа влада во овие десет- единаесет години направи толку многу работи што тие не можат да сонуваат дека ќе ги направат, па макар биле  три пати подолго на власт отколку што бевме ние, иако тоа нема да се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевси одговарајќи на новинарско прашање.

gruevski-izjava-2-640x391

-Тие уште не влегле во Владата, а говорат сами за себе дека ќе биле реформска влада. Тие прво треба да научат од нас што е реформска влада. Реформи се работи што се прават, да се направат промени за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Ќе видиме какви реформи тие ќе направат. Сега за сега од она што можам да го дознаам главната реформа ќе им биде промена на името на државата и идентитетот, законот за јазиците и одредени работи кои што се зацртани во извештајот на Европската унија,  кој што без оглед ние ќе го завршевме доколку формиравме влада, рече Груевски.

Груевски им порача на СДСМ прво да направат нешто, па потоа да критикуваат и ги потсети дека „тие не беа избрани од граѓаните на Република Македонија на овие избори, тие дојдоа на сила“.

-Тие дојдоа со надворешни притисоци, со надворешни интервенции и правење на коалиции од надвор, заради тоа што ветија некои работи коишто претходно ние не се согласувавме да се завршат. СДСМ не треба да го заборави тоа, да не се однесува како победник, бидејќи кога зборува, зборува како за нив да гласале двапати повеќе граѓани отколку за ВМРО-ДПМНЕ, а ситуацијата беше поинаква. Граѓаните на Македонија во мнозинство се изјаснија за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знаеја, дека ВМРО е партија што прави реформи, што прави напредок и ВМРО е таа која што направи огромни тектонски промени во Македонија кон подобро во изминатите 11години. Така што би му порачал прво малку да скокнат, па да кажат оп, како што вели старата поговорка. Да не се фалат предвреме, уште не влегле во влада, а бараат алиби. Ова што го говорат дека ќе им требало долго време да ги средат работите е чисто алиби за нивното неработење и неспособност за коешто се свесни. Затоа што до вчера зборуваа дека ќе сме им оставеле празна каса. Кога слушнаа вчера дека неделава 180 милиони има во буџетот, ликвидност, односно слободни средства, престанаа да говорат дека ќе сме им оставеле празна каса, како што тие нам ни оставија во 2006 година, рече Груевски.

Тоа е оправдување затоа што знаат колкави им се капацитетите, знаат дека програмата им е празна, без сериозни и крупни работи.

-Знаат дека со укинување на радиодифузна такса не се решава економската состојба на граѓаните. Знаат дека ветуваа работи што се нереални, ветуваа дека граѓаните кои се раселени од тука масовно ќе се враќале, дека  ќе се зголемела платата, стандардот и ќе донеле живот. Свесни се за своите лаги и сега сакаат да купат време година -две кажувајќи лаги дека заради нашето претходно работење ќе им требало многу време за да се почувствувале придобивките од нивното работење. Таква придобивка нема ниту да има, а во тоа граѓаните сами ќе се уверат, а тие во мнозинство тоа и го знаат затоа и не гласаа тие за да победат, туку ние. Луѓето ќе направат компарација за тоа како се работеше досега и како ќе се работи во иднина, а сега додека се во тој таканаречен меден месец, кога луѓето ги гледаат како власт, а немаат никаква одговорност и само се фалат и нас не критикуваат и говорат за некое идно време, нека го живеат ова нивно време на меден месец. Тоа ќе заврши, ќе ги видиме после што ќе направат, рече Груевски.

Тој нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, затоа што имаше големи ветувања и големи лаги,

-Времето ќе покаже каква реформска влада се тие, јас велам дека ќе бидат антиреформска и времето ќе покаже што тие ќе направат, јас знам дека тие ќе направат неспоредливо и помалку од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This