дома Актуелно ГРУЕВСКИ И ЈАНША ПРОШЕТАА НИЗ ОХРИД: Охридската чаршија и Калето го воодушевија...

ГРУЕВСКИ И ЈАНША ПРОШЕТАА НИЗ ОХРИД: Охридската чаршија и Калето го воодушевија словенечкиот лидер Јанес Јанша!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот словенечки премиер и претседател на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша денеска по заедничката средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан прошетаа низ охридската чаршија и Кале.

Јанша претходно изјави дека знае каков напредок досега бил постигнат во градовите и општините кои ги водат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

 -Пред вас се локални избори, не би сакал непосредно да се мешам во тоа. Но, тоа што ќе се случува на тие локални избори, и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ни е сестринска партија, се разбира посакуваме многу успех и да имате добри кандидати. Знам каков напредок досега бил постигнат во оние градови и општини кои што ги водат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јанша.