дома Политика ГРУЕВСКИ НА ЗАБАВА СО УМС КАВАДАРЦИ: Победничка атмосфера во Кавадарци, Митко Јанчев...

ГРУЕВСКИ НА ЗАБАВА СО УМС КАВАДАРЦИ: Победничка атмосфера во Кавадарци, Митко Јанчев апсолутен фаворит!

Како на централниот митинг вечерва, така и после митингот на забава организирана од УМС Кавадарци, се собраа голем број на млади луѓе, тие велат дека атмосферата во Кавадарци е еуфорична и победничка.

На забавата присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тој беше во друштво на претседателот на УМС Владимир Нелоски, кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

Денеска кавадарчани порачаа дека му даваат силна поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, за да биде иден нивни градски татко, а исто така порачаа дека даваат силна поддршка за новата ера која што ја најави ВМРО-ДПМНЕ.