дома Политика ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ: ВМРО-ДПМНЕ ги интензивира активностите!

ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ: ВМРО-ДПМНЕ ги интензивира активностите!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера заедно со дел од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа средба со претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партија.

-На средбата се разговараше околу актуелната политичка состојба во Република Македонија и проблемите со кои се соочува државата откако СДС ја превзема власта. Претставниците на задграничните комитите на ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост за моменталната политичка состојба како и за реализацијата на предизборните ветувања на Зоран Заев и СДС кои водат кон разнебитување на државата, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека исто така тие изразија и разочарување на односот на државата кон дијаспората и активноста на новиот министер за дијаспора Едмонд Адеми.

На средбата билеа договорени и модалитетите за поголемо вклучување на дијаспората за реализација на партиските политики.