дома Политика Груевски оствари средба со претседателот на Државниот збор на Словенија, Брглез

Груевски оствари средба со претседателот на Државниот збор на Словенија, Брглез

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија.

 

Како што соопштуваат од партијата на средбата се разговарало за стратешките приоритети на Република Македонија како и актуелните случувања во земјава и регионот.

-Беше посочено дека приоритет останува членството во Европската Унија и НАТО и на тој план е добредојдена поддршката од секоја држава членка на овие организации. Беше изразена благодарност за поддршката на Република Словенија која е добредојдена во остварување на македонските приоритети, при тоа стана збор и за сериозноста со трендот на опаѓање на економската активност, забавување и падот на инвестициите, како и предизвикот со мигрантите кој е реалност, стои во партиското соопштение.