дома Балкан ГРУЕВСКИ СЛОБОДНО ПОМИНАЛ НИЗ ЦРНА ГОРА: Шефот на Црногорското МНР објаснува дека...

ГРУЕВСКИ СЛОБОДНО ПОМИНАЛ НИЗ ЦРНА ГОРА: Шефот на Црногорското МНР објаснува дека немало потерница по Груевски за да можат да го спречат

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски е вон законот, изјави министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

„Македонија не издаде сигнали, па со самото тоа, црногорските државни органи го третираа Груевски како и секој друг граѓанин кој се наоѓа во друштво на дипломати со дипломатски таблички“, рече Дармановиќ, пренесе порталот „Аналитика“.

Запрашан за коментар во врска со бегството на Груевски преку Црна Гора, Дармановиќ вели дека во периодот кога било одлучено експремиерот да побара азил во Унгарија, тој не бил на листата на Интерпол.