дома Актуелно ГРУЕВСКИ СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ОД ЦК НА ВМРО-ДПМНЕ за претстојните разговори за...

ГРУЕВСКИ СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ОД ЦК НА ВМРО-ДПМНЕ за претстојните разговори за формирање на идната Влада

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги прифати вчерашните заклучоци на Извршниот Комитет и му даде целосна поддршка на претседателот на партијата и мандатар Никола Груевски за претстојните разговори за формирање на идната Влада на Република Македонија.

На денешната седница со која раководеше претседателот Никола Груевски, членовите на Централниот комитет дискутираа за актуелната состојба во земјава и резултатите од предвремените избори.

Освоените 455 000 гласови од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, во услови кога опозицијата делуваше заедно со невладините организации под контрола на Сорос и во повеќе наврати коруптивно купуваше гласови, покажуваат дека мнозинството граѓани се уште ја поддржува политиката која нуди развој и просперитет. Ваквата поддршка значи обврска за почитување на волјата на народот кој ја порази на деструкцијата и кризите кои изминати години ги промовираше СДСМ/Сорос, велат од партијата.

Централниот комитет на партијата смета дека подобрувањето на стандардите на живеење на граѓаните мора да бидат приоритет во наредниот период, а за да се оствари таа цел неопходна е политичка стабилност преку формирање на Влада што ќе биде целосно посветена на реформите и проектите од програмата РЕАЛНО.