дома Хроника ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Крвава тепачка во близина на клиниката „Филип Втори“

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Крвава тепачка во близина на клиниката „Филип Втори“

Во Полициската станица Центар, вчера во 14:00 часот, С.А.(36) од село Сарај, скопско, пријавил дека истиот ден околу 01:00 часот, движејќи се заедно со неговиот брат Р.А. покрај стадионот „Филип втори“ во еден момент му се доближило лицето Р.С. кој бил заедно со Д.М. и Б.С. по што Р.С. физички го нападнал пријавителот додека неговиот брат возвратил на ударите кон Р.С.

 

Во еден момент лицето Д.М. извадил пиштол кој го насочил кон пријавителот кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож.

Од страна на лицето Б.С. било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите по што С.А. и неговиот брат Р.А. го напуштиле местото на настанот.

По преземени мерки сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, за настанот е запознаен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.