дома Балкан ГРЦИТЕ ИСПЛАШЕНИ ОД ТУРЦИЈА: За Македонија, горе-доле уво не ги боли

ГРЦИТЕ ИСПЛАШЕНИ ОД ТУРЦИЈА: За Македонија, горе-доле уво не ги боли

Истражување што го објавува весникот „Етнос“ покажува дека грчките граѓани најмалку стравуваат од Македонија, а дека најуплашени се од – Турција.

На прашањето „кои од следните земји ги сметате за непријателски“, анкетираните имале можност да одберат позитивен или негативен одговор, јавува дописникот на МИА од Атина.

Така 87 отсто од анкетираните ја сметаат Турција за непријател а 7 отсто „не“, следуваат Бугарија за која со „да“ одговориле 70 отсто, а 10 отсто не гледаат непријател вотаа земја.

За Албанија 47 отсто сметаат дека е непријател, а 38 отсто одгобвориле со „не“.

Конечно, за соседна Македонија 45 одговориле со „да“, а 38 отсто со „не“ на прашањето дали ја сметаат за непријателска.

Инаку, на прашањето во однос на терминот „Македонија“ во идното име на соседната земја, 23 отсто рекле дека тоа им предизвикува лутина, а за 45 отсто дека е „разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија“, пренесува МИА.