дома Актуелно ГРЦИТЕ СОГЛАСНИ НА „МАКЕДОНИЈА“ ВО НОВОТО ИМЕ: Коѕијас согласен во новото име...

ГРЦИТЕ СОГЛАСНИ НА „МАКЕДОНИЈА“ ВО НОВОТО ИМЕ: Коѕијас согласен во новото име да стои „Македонија“ но не и превод!

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека Грција сака името Македонија да биде на „словенски“, но не и на англиски


Тој истакнува дека е важно називот во кованицата да биде на јазикот на земјата, што значи без превод, а тоа би значело прифатливо решение во врска со зборот Македонија, но не и со Macedonia, пренесува порталот „Индекс“.

Сега е време за одлука за да се реши 25-годишниот сор поради името помеѓу Грција и Бившата Југословенска Република Македонија, изјави денес во Атина медијаторот на ОН Метју Нимиц, по состанокот со грчкиот министер за надворешни работи.