дома Балкан Грција зaбрани влез и за српски државјани

Грција зaбрани влез и за српски државјани

Од утре во шест часот е зaбранат влез за српските туристи во Грција, поради ширење на коpонавирусот во Србија, објавија грчките власти. Забраната ќе биде на сила до 15 јули, но може да биде продолжена. Ќе бидат дозволени само патувања од деловни причини.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја потврди забраната и им препорача на своите сограѓани да ги откажат плановите за одење во Грција.

Српските туристи оваа недела веќе се соочија со проблеми со влегувањето во Грција откако без најава за нив беше затворен граничниот премин Евзони и беа пренасочувани преку Бугарија. Во меѓувреме, две српски туристки имаа позитивен тест на островот Скијатос.

Во Србија денеска има 302 нови случаи на коронавирус и починаа пет лица, додека вонредна состојба е прогласена во десет градови.