дома Европа ГРЦИЈА ПРЕДУПРЕДИ: Локалните жители и туристите да се држат настрана од некои...

ГРЦИЈА ПРЕДУПРЕДИ: Локалните жители и туристите да се држат настрана од некои од најпопуларните плажи на крајбрежјето долж Атина

Грчките власти ги повикаа локалните жители и туристите да се држат настрана од некои од најпопуларните плажи на крајбрежјето долж Атина, откако нафтата од потонатиот танкер стигна до регионот, објави Асошиејтед прес.

Се соопштува за мали флеки нафта на плажите во Глифада и Пиреја. Градоначалникот на Глифада, Георгиос Папаниколау рече дека општинските работници користат хемикалии во обид да ги исчистата флеките нафта.

Мал танкер „Агиа зони 2“ потона во неделата, кога го пушти сидрото крај брегот на островот Саламина во близина на главното пристаниште во Грција – Пиреја. Тој превезувал 2200 тони нафта и 370 тони гасно масло (дизел).

Поморскиот секретар на морнарицата Панајотис Курумблис изјави дека нуркачи ги запечатиле товарните простори на бродот и треба да почнат да го извлекуваат остатокот од горивото.