дома Балкан Грција пoд cтpoги мepки: Осум грчки peгиoни вo цpвeнaта зoна со пoлициcки...

Грција пoд cтpoги мepки: Осум грчки peгиoни вo цpвeнaта зoна со пoлициcки чac и зaбpaнa зa мyзика вo yгocтитeлcкитe oбjeкти

Уште три региони од северниот дел на Грција од денеска се во црвената зона со полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во пет региони во кои беа воведени минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Ксанти, Драма и Касторија се префрлени во црвената категорија, а мерките се продолжени во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала во северна Грција, како и во Арголида на Пелопонез.

Регионот Евританија во централна Грција од црвената преминува во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.