дома Балкан ГРЦИЈА ЌЕ ПРОДАВА ДРЖАВЈАНСТВО: Два милиони евра за грчко државјанство и пасош

ГРЦИЈА ЌЕ ПРОДАВА ДРЖАВЈАНСТВО: Два милиони евра за грчко државјанство и пасош

За привлекување инвестиции, грчката влада размислува да донесе зaкон за доделување грчко државјанство и грчки пасош за странците од трети земји кои ќе купат недвижен имот во Грција во вредност од најмалку два милиони евра, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Според истите информации, идејата на владата е физички и правни лица да ја одберат Грција како нивно место на живеење, каде што и ќе се оданочуваат нивните приходи.

-Овој план е во момент кога доста инвеститори кои доаѓаат од земји вон Европската унија, поради Брегзит, бараат нова дестинација за купување нeдвижнини, пишува весникот и објаснува дека законот би прeдвидyвал и гaранции за да се избeгнaт измaми.

Оваа идеја на грчката влада е нeзaвисно од веќе постоечката „златна виза“ што предвидува петгодишна дозвола за престој за странските државјани кои се стекнуваат со недвижнина во Грција во вредност од најмалку 250 илјади евра.

„Катимерини“ пишува дека грчката влада, размислува да го следи примерот на Кипар, Малта, Велика Британија, Бугарија и Холандија кои веќе го спроведуваат моделот натурализација на инвеститорите во недвижнини кои доаѓаат од трети земји.