дома Спорт ГРЦИ ИСФРЛЕНИ ОД „АУСТРАЛИАН ОПЕН“: Грчки навивачи скандирале расистички навреди против Македонија...

ГРЦИ ИСФРЛЕНИ ОД „АУСТРАЛИАН ОПЕН“: Грчки навивачи скандирале расистички навреди против Македонија на тенискиот натпревар на „Аустралиан Опен“

Група грчки навивачи беше исфрлена од тениската арена на „Аустралиан Опен“ откако со расистички навреди, веејќи го синото знаме со сонцето од Кутлеш го растурија редот и мирот на натпреварот

 

 

Околу 15-20 навивачи од грчко потекло беа исфрлени од „Аустралиан Опен“ за време на натпреварот на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, поради расизам и нарушување на редот и мирот во тениската арена.

Навивачите се австралијанци со грчко потекло, но како што вели Циципас, мислат дека се поголеми Грци од нас кои доаѓаме од Грција.

Полицијата во Мелбрун го потврди инцидентот.