дома Македонија Грчец 40 часа без струја: Причината затоа што само секој петти...

Грчец 40 часа без струја: Причината затоа што само секој петти жител плаќа сметки на ЕВН

Откако вчера expres.mk објави дека повеќе од 40 часа во скопското село Грчец нема струја денеска со реакција се јави ЕВН, пренесува Експрес.

Причината за тоа што во ова село нема струја меѓу другото е што 80 % од селаните се диво приклучени на мрежата на ЕВН а дел не дозволуваат обнова на мрежата.

Целото соопштение:

“Приказната за селото Грчец е стара повеќе години и секогаш се повторува кога ќе паднат температурите. Дел од жителите не дозволуваат да се реконструира и модернизира дистрибутивната мрежа.

Тие се илегално поврзани до делови од мрежата која се реконструира и дефектите продолжуваат да се случуваат поради зголемена потрошувачка и пониски температури.

Екипите на ЕВН се постојано на терен затоа што на околу 20 % од жителите кои ги плаќаат сметките им се обезбедува струја но еднаш откако дефектите се отстранети истиот проблем се јавува повторно затоа што тие што користат електрична енергија илегално не дозволуват реконструкција со што предизвикуваат нови дефекти.

Овој пат дефектот е од посериозен карактер, тој веќе не е дел од нисковолтажната мрежа туку од средноволтажната со што е потрбно повеќе време и напор за надминување.

ЕВН е отворена за решавање на проблемот и за разговор со корисниците со цел обнова на мрежата за дистрибуција и враќање на редот а со тоа и елиминирање на дефектите“, пренесува порталот на албански јазик Алмакос