дома Македонија Гужви на Табановце, за излез од државата се чека еден час

Гужви на Табановце, за излез од државата се чека еден час

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Оттаму го пренесуваат известувањето од Виадукт Трејд дека на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, на 24 август (вторник) во период од 10 до 16 часот, ќе има времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање