дома Храна ГУЛАШ ОД ПИЛЕШКО, направете го по овој рецепт, па сите ќе ви...

ГУЛАШ ОД ПИЛЕШКО, направете го по овој рецепт, па сите ќе ви бараат уште

Многу вкусно јадење!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г пилешки гради
200 г грашок
200 г морков
100 г корен од целер
½ китка свеж магдонос
1 главица црвен кромид
2 чешниња лук
4 големи лажици лебни трошки
5 големи лажици масло
500 мл доматен сос
сол
црн пипер

ПОСТАПКА:

Црвениот кромид ситно исечкајте го, додадете масло, ситно сечкан лук и на тивко продинстајте. Додадете пилешко исечено на мали коцки.

Кога пилешкото е малку запечено, посолете и запиперете по желба. Додадете 200 мл вода.

На полупрженото месо додадете му морков и целер исечкани ситно на коцкички.

После пет минути додадете го грашокот и сето заедно динстајте додека да омекне, но внимавајте зеленчукот да не ви се превари.