Гутереш: Вo Aвгaниcтaн ce нaѕиpa хyмaнитapнa kaтacтpoфa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди на хуманитарна катастрофа во Авганистан и побара помош и солидарност од меѓународната заедница.

„Во Авганистан се наѕира хуманитарна катастрофа. Речиси половина од населението има потреба од хуманитарна помош. Секој трет човек не знае од каде ќе го добие следниот оброк. Сега повеќе од кога и да е, на авганистанските деца, жени и мажи им е потребна поддршка и солидарност од меѓународната заедница“, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Светската организација.

Обединетите нации претходно објавија дека повеќе од 18 милиони луѓе, околу половина од авганистанското население, бараат помош и дека половина од сите авганистански деца под петгодишна возраст веќе страдаат од акутна неухранетост поради втората суша во четири години. Ситуацијата сега дополнително се компликува, откако талибанците ја презедоа контролата во Авганистан, со оглед на тоа дека американските санкции против талибанците може да ја забрзаат хуманитарната криза во земјата која во голема мера се потпира на странска помош.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This