дома КОВИД-19 (Коронавирус) Гутереш: Cвeтoт ce cooчи co пaндeмиja нa kpшeњe нa чoвeкoвитe пpaвa

Гутереш: Cвeтoт ce cooчи co пaндeмиja нa kpшeњe нa чoвeкoвитe пpaвa

Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН), Антонио Гутереш изјави дека една година по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот се покажало дека светот се соочува со пандемија на кршење на човековите права, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Ковид-19 ги продлабочи постоечките поделби, слабости и нееднаквости и отвори нови прашања, вклучително и прашања за човековите права, вели Гутереш.

Проценувајќи дека коронавирусот се ширел затоа што сиромаштијата, дискриминацијата и уништувањето на животната среда создало слабости во општеството, Гутереш истакна дека животите на стотици милиони семејства претрпеле големи промени поради загубите на работни места, зголемувањето на долговите и големиот пад на приходите.

Особено се погодени работниците на првата линија на борбата со Ковид-19, лицата со инвалидитет, повозрасните лица, жените и малцинските групи, истакна Гутереш, и додаде дека за неколку месеци, напредокот во областа на родовата рамноправност е уназаден за децении.

Генералниот секретар истакна дека најголемиот дел од товарот на домашните обврски го презеле жените, додека истовремено се зголемило и насилството врз жените во сите форми, од злоупотреба преку интернет до семејно насилство, трговија со луѓе, сексуална експлоатација и детски бракови.