дома Свет Гeј пaрадата во Ерусалим одржана под силно полициско обeзбедување поради зakaни на...

Гeј пaрадата во Ерусалим одржана под силно полициско обeзбедување поради зakaни на ekcтpeмистите

Неколку илјади луѓе маршираа денес за време на Геј парадата во Ерусалим во присуство на силни полициски сили поради заканите на екстремистите.

Парадата, која беше откажана минатата година поради епидемијата на вирусот корона, денес собра меѓу 5.000 и 8.000 луѓе, пренесе агенцијата АФП.

Собраните, кои вееја знамиња во боја на виножито, беа следени од околу 3.000 полицајци. Имаше полицајци на покривите на зградите и по целата траса на парадата.

На жителите во зградите покрај кои минуваа насобраните им беше забрането да излегуваат на улица за време на Геј парадата, пренесува Бета.

Активисти на екстремно десничарски групи повикаа на контра-митинг, а полицијата уапси неколку лица пред почетокот на Геј парадата.

Ерусалим ја организира Геј парадата од 2002 година, и покрај незадоволството на конзервативните и екстремно десничарски групи.