дома Европа Гoлeмa тpaгeдиja ja пoтpece Poмaниja: Бe6e пoчинa нeкoлky чaca пo kpштeвaњe

Гoлeмa тpaгeдиja ja пoтpece Poмaниja: Бe6e пoчинa нeкoлky чaca пo kpштeвaњe

Во понеделникот шест недели старо бебе починало во болница, веднаш по крштевањето во црква во место наречено Сучаева.

Бебето три пати било потопено во благословената вода, се разболело и по неколку часа во болница починало од срцева болест. Преку аутопсија е откриено дека бебето во неговите бели дробови имало течност, и по тоа е отворена истрага за убиство од небрежност против свештеникот кој ја водел церемонијата.

Многу Романци се мобилизираа оваа недела на социјалните мрежи за да ја убедат Православната црква да го смени обредот на крштевање по смртта на новороденчето, еден ден по таа церемонија. Иницијаторите на петицијата на интернет, велат дека трагедијата со овој случај е голема и не смее да се повтори.

Според медиумите, во последните години имало неколку такви случаи.