дома Свет Гpцитe ифpит лyти пopaди знaмeтo од Кутлeш истакнато за Илинден

Гpцитe ифpит лyти пopaди знaмeтo од Кутлeш истакнато за Илинден

Локалната грчка заедница реагираше на поставувањето на знамето со шеснаесет краци, познато и како сонцето од Вергина-Кутлеш, на просториите на градските власти во Волонгонг во австралиската сојузна држава Нов јужен Велс, по повод одбележувањето на македонскиот национален празник Илинден.

На фејсбук-страницата на грчката заедница наречена „Македонска лига“ беше изразено незадоволство и наведено дека употребата на знамето е незаконска од 1993 година, како и дека неговата легалност е опфатена во привремената спогодба од 1995 година и со Преспанскиот договор.

Грците ги повикуваа локалните власти на одговорност поради употребата на знамето, а дел од корисниците на Фејсбук посочија оти знамето било отстрането.