дома Политика ДАЛЕКУ Е МАКЕДОНИЈА ОД ЕВРОПА: Европски ли е да се пpeтeпa човек...

ДАЛЕКУ Е МАКЕДОНИЈА ОД ЕВРОПА: Европски ли е да се пpeтeпa човек во Струмица од кpиминaлци со фaнтoмки само затоа што се дрзнал да го кpитикувa братот на премиерот?

На 27 годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски истакна дека власта само на зборови е проевропски ориентирана, но не и по делата.

-Европски ли е да бега премиерот од дебата со лидерот на опозицијата, што толку многу ја бараше кога тој беше лидер на опозиција? Бега и се моли што побрзо да заврши процесот со уставните измени, а и за економијата нема што да каже. Ако излезе на дебата ќе мора да збори и за криминалите што се случуваат. Јас во Европа не сум видел премиер што бега од дебата. Европски ли е да се претепа човек во Струмица од криминалци со фантомки само затоа што се дрзнал да го критикува братот на премиерот? Европски ли е да се води прогон кон опозицијата и да се прави полициска опсада на нејзиниот штаб, претресувајќи ги возилата и луѓето кои излегуваат и влегуваат во нејзиниот штаб? Европски ли е една фамилија на власта, сестрата да е директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентите,. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања, а мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија е далеку од Европа со оваа власт.

-Како тргнало и наредната година нема датум да добиеме за преговори. Нема, затоа што ништо не работат, не затоа што штанцаат закони на хартија, во пракса ништо немаат, вели Мицкоски во своето обраќање.