дома Актуелно ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за...

ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за земјоделие вработувања во предизборието !

Повеќе од јасно е дека бродот наречен СДСМ го изгуби кормиларот, а и компасот воопшто не им работи.

Така на пример, Зоран Шапуриќ од ДИЗ на својата насловна страна на ФБ профилот напишал „либерално кон Европа“, а најверојатно мислејќи за либерални вработувања дури и во време на избори.

Партиски вработувања во очи на избори иако тоа е спротивно на сите правила и закони. Очигледно дека СДСМ ќе се обиде на секој можен начин да добие глас повеќе и да го ублажи поразот кој им следи, а притоа жртвувајќи добар дел од нивните функционери кои од непознавање на законите или пак заради неможноста да ги одбијат своите претпоставени се повеќе навлегуваат во незаконски дејства.

Последен од низата такви примери од кои дел излегоа, а дел ќе излезат после изборите е токму овој во Државниот инспекторат за земјоделие каде во очи на избори има вработувања.

Документот кој стигна до нашата редакција го даваме јавноста да го види и да пресуди за безидејноста и незаконието во одредени институции.