дома Храна Дали сте пробале Гаспачо? – Шпанска супа со домати

Дали сте пробале Гаспачо? – Шпанска супа со домати

Превкусна, брза и лесна шпанска супа.

Состојки:

900 грама домати, 2 краставици, 1 црвена пиперка, 1 чешне лук, 2 лажици оцет, 200 милилитри вода, 100 милилитри маслиново масло, сол, црн бибер, 2 кришки леб, босилек.

Подготовка:

Во подлабок сад, ставете ги претходно излупените домати, краставиците, лукот и оцетот. Сите овие состојки убаво изблендирајте ги. Потоа во добиената смеса, додадете го и маслиновото масло, солта и црниот бибер и повторно убаво измешајте. Добиената смеса, ставете ја во фрижидер и почекајте да се излади.

Додека чекате смесата да се излади, лебот исечете го на ситни коцки и кратко пропржете го во тава на оган во која сте додале малку маслиново масло.