дома Македонија ДАМОВСКИ:Менувањето на Уставот на Република Македонија е пречекорување на црвена линија

ДАМОВСКИ:Менувањето на Уставот на Република Македонија е пречекорување на црвена линија

Протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се одржува денес. Оттаму објавија проглас, во кој велат дека дојде време за четвртиот Илинден. Бараат да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.

-Најголемата црвена линија што може да се помине е менувањето на Уставот на Република Македонија. Ние се обидуваме на мирен начин, со што поголем број на граѓани и здруженија да ја искажеме нашата волја уште еднаш, вон регуларниот демократски процес кој е завршен“, појасни еден од организаторите, Борис Дамовски.