дома Македонија Дамјан Манчевски го откупил чадорот со кој бил тепан во Собранието

Дамјан Манчевски го откупил чадорот со кој бил тепан во Собранието

Неколку часа  во Кривичниот суд за случувањата во Собранието за што се обвинети 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок сведочеше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Манчевски  сведочеше дека луѓето фрлале со предмети, сталаци, мебел, тастарури, а тој бил удиран и со чадор, кој, како што рече, го откупил за 1000 денари од човекот што го мавал. .

Адвокатите на обвинетите се обидуваа да постават вкрстени прашања. Поголемиот дел беа одбиени, а судијката Добрила Кацарска им укажа да се концентрираат и да не го трошат времето зашто судењето ќе трае и до полноќ