Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правда на првиот натпревар од второто квалификационо коло на Лигата на шампионите.
Дуелот меѓу Шкендија и Шериф, кој ќе се игра претстојниот вторник од по
Дуелот меѓу Шкендија и Шериф, кој ќе се игра претстојниот вторник од почеток од 20.15 часот на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го суди Данецот, Мадс-Кристофер Кристоферсен. Негови помошници ќе бидат Денис Расмунсен и Виктор Ските, а четврти судија ќе биде Мајкл Тикгард.
35-годишниот Кристоферсен, во минатото коло на Лига Европа го судеше дуелот меѓу Гленавон и Молде. Реванш наптпреварот меѓу Шкендија и Шериф. по кој ќе биде познат патникот во третото квалификационо коло, се игра на 31 јули во Тираспол, со почеток од 19.00 часот.