October 6, 2022, 1:15 am

Данска гo ykинa статусот на aзил на бeгaлцитe од Cирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска стана првата европска земја што не ги обнови дозволите за престој на бегалците од Сирија, тврдејќи дека некои области во таа земја разорена од војна, сега се безбедни за живот.

Одлуката ги зачуди и исплаши Сиријците во Данска, кои имаат многу причини да се плашат да си одат дома, според лондонски Гардијан.

Оваа одлука ја погоди и Месбах Мшлим, мајка на три деца, со нејзината најмлада ќерка, петгодишно дете, родено во Данска.

Семејството треба да се врати во Дамаск, во дом што веќе не постои, во населено место кое беше уништено во војната и во земја што ги затвори вратите за сите оние кои заминаа во егзил, пишува лондонскиот весник.

„Не знам каде да се вратам. Како можам да ги заштитам моите деца во Сирија“, прашува Мшлим, еден од над 100 сириски граѓани кои живеат во Данска и кои го губат статусот бегалец, пренесува Танјуг.

Војната сè уште трае во многу делови на Сирија, а властите во Копенхаген премолчено го признаа тоа кога им дадоа политички азил на сите мажи кои би можеле да бидат повикани на задолжителна воена служба.

Оваа политика на данските власти ги заштити двајцата најстари синови на Мшлима, 19-годишни близнаци, од губење на статусот бегалец, но нејзините адвокати мора да се борат да и дозволат на нивната петгодишна ќерка да остане во Данска.

Неславната сириска полиција, која помогна во задушувањето на бунтот против Асад во 2011 година и е обвинета за тортура и убиства за време на војната, сè уште е страв и трепет во Сирија, пишува Гардијан.

Економијата е во постојан пад, што дополнително ја комплицира ситуацијата за повратниците за кои генерално се смета дека се политички компромитирани и затоа е потешко да најдат работа и да преживеат во разорената Сирија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This