дома КОВИД-19 (Коронавирус) Данците ја послушаа Меркел – Ја затворија границата со Германија

Данците ја послушаа Меркел – Ја затворија границата со Германија

Данските власти објавија дека привремено ја затвораат границата со Германија поради ширењето на вирусот корона во градот Фленсбург во северна Германија. Покрај оваа одлука, Министерството за правда на Данска најави воведување на повисоко ниво на гранични контроли на сите гранични премини, пренесува Ројтерс.

Официјалната веб-страница на локалните власти во германскиот град Фленсбург објави дека стапката на инфекција е 193 на 100 илјади жители и дека присуството на мутирани варијанти на вирусот е потврдено во 50% од случаите.

Од утре во овој германски град ќе биде воведен полициски час во траење од 21 до 5 часот наутро.