дома Uncategorized Дарежливиот принц Хари за подарок на сопругата потроши цело богатство

Дарежливиот принц Хари за подарок на сопругата потроши цело богатство

Иако тие често се сметаат за модерна кралска двојка, изгледа дека принцот Хари и Меган Маркл од некои обичаи не отстапуваат.

На пример, обично младенците пред нивната венчавка си даваат подароци едни со други, некоја ситница што ќе го одбележи нивниот најсреќен ден и во годините што доаѓаат ќе ги потсетува на нивната ветена љубов.
На нивната прва брачна ноќ, принцот Хари одлучи да ја расположи својата жена Меган Маркл со прекрасен подарок што во овој случај не беше само ситница.

Дијамантската бразлетна што и ја подари на војвотката од Саксес е проценета на околу 20.000 евра, ако се верува на странските медиумски тврдења.

Меган Маркл со бразлетната потпишана од страна на парискиот луксузен бренд Cartier, одлучи да се појави на првиот јавен настап во пресрет на прославата на 70-тиот роденден на принцот Чарлс, каде што нејзиниот сопруг, принцот Хари, одржа говор во чест на неговиот татко.

Убавата блескавата бразлетна, Меган ја комбинираше со дијамантски обетки во форма на рози и свадбениот прстен, кој беше лично дизајниран од страна на принцот Хари.