дома Македонија ДАТУМ НЕ ДОБИВАМЕ: Пиарџијата Марјан Забрчанец станува национален координатор за интеграција во...

ДАТУМ НЕ ДОБИВАМЕ: Пиарџијата Марјан Забрчанец станува национален координатор за интеграција во ЕУ

Досегашната десна рака во делот на пи-ар на премиерот во заминување Зоран Заев, Марјан Забрчанец, се сели на нова позиција. Тој заминува во Генераланиот секретаријат како национален координатор за интеграција во ЕУ.

Ваквиот потег пред напуштањето на премиерската позиција се толкува како обид на Заев за вдомување на неговите кадри. Дотолку повеќе што неговиот пи-ар тим, по многубројните грешки, што ги направи во изминатиот период, беше оценет како лош.