дома Балкан ДАЧИЌ ПОВТОРНО СО МИКРОФОНОТ ВО РАКА: Ивица Дачиќ одржа цел концерт во...

ДАЧИЌ ПОВТОРНО СО МИКРОФОНОТ ВО РАКА: Ивица Дачиќ одржа цел концерт во Паралија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, повторно беше снимен како се фаќа за микрофон, при што овојпат не отпеа една песна туку одржа цел концерт во Паралија-Грција. Дачиќ пееше на собирот на 300 наставници и средношколци.

Дачиќ испеја околу десет песни, меѓу кои една грчка и една руска песна.

Инаку, наставниците од Јагодина отпатуваа во градот Паралија за да разменат искуства со своите грчки колеги четири дена.