дома Балкан ДАЧИЌ: Србија нема да го признае Косово и да му дозволи да...

ДАЧИЌ: Србија нема да го признае Косово и да му дозволи да добие место во ОН

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека не е постигнат договор за признавање на независноста на Косово, што ќе ѝ овозможи на поранешната српска покраина да добие место во Обединетите нации, пренесува електронското издание на српскиот весник „Курир“.

Дачиќ рече дека отсекогаш се залагал да се пронајде компромис за косовско-метохиското прашање, кое ќе ги елиминира причините за конфликтот.

„Нам не ни е во интерес да ја влошуваме ситуацијата, туку во мир да се спроведе бриселскиот договор“, рече Дачиќ повикувајќи ја меѓународната заедница да се изјасни дали ја сака Србија како партнер.

Тој додаде дека треба да се почека до 20 април за да се види дали Приштина ќе ги исполни своите обврски од бриселскиот договор во делот на формирање на заедницата на српските општини и наведе дека доколку не ја исполнат својата должност, Србија ќе одлучи што понатаму.

Српскиот министер за надворешни работи го оцени притворањето и протерувањето на шефот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, како срам за политичката сцена во Европа и ЕУ.