дома Македонија ДАШТЕВСКИ: Главната цел било да се тргне ВМРО-ДПМНЕ од власт, да...

ДАШТЕВСКИ: Главната цел било да се тргне ВМРО-ДПМНЕ од власт, да се нападне директно најголемата политичка партија во Македонија, бидејќи ги застапува националните интереси

Со прес-конференцијата од пред два дена сериозно е загрозена демократијата во Република Македонија и тоа прво е загрозена парламентарната демократијата која треба да биде основа за функционирањето во светот, затоа што е нападната најголемата политичка партија во Македонија исклучиво од политички причини со политички средства за да се ослабне и да може да се изведат некои операции во државата, од кои главната е промена на името, истакна аналитичарот Александар Даштевски на денешната трибина во организација на Институтот „Павел Шатев“.