дома Македонија ДА МУ СЕ ИЗВИНИМЕ НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Речиси 300.000 евра ги добила...

ДА МУ СЕ ИЗВИНИМЕ НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Речиси 300.000 евра ги добила фирмата чиј основач е токму Митко Јанчев, а не неговиот зет!

Тендерот вреден речиси  16.350.457 денари, кој го добила фирмата од Кавадарци „Ја-Ми“ не била во сопсвеност на зетот за сестра на кавадаречкиот градоначалник, туку основач бил токму тој, Митко Јанчев – стои во појаснувањето кое пристигна до нашата реакција со барање за демант во врска со информацијата за јавна набавка која вчера ја објави „Инфомакс“


Имено, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој неодамна беше исклучен од раководните тела на ВМРО-ДПМНЕ поради делување спротивно на конгресните документи и одредбите на партијата, сакајќи да ја демантира веста, всушност, потврди дека добил речиси 300.000 евра вреден тендер за чистење на патниот правец Кавадарци – Кожув.

Како што стои во барањето за демант, или како што го нарекуваат од компанијата „појаснување“, потврдуваат дека компанијата на Митко Јанчев го добила тендерот, но појаснуваат дека на истиот учествувале и други фирми, а тие имале најповолна понуда. Ја демантираат само информацијата дека основач на фирмата била неговата сестра, односно, основач на компанијата „Ја-Ми“ бил токму кавадаречкиот градоначалник.

Дополнително, во „појаснувањето“ се бара од нас да му се извиниме на кавадаречкиот градоначалник затоа што сме го поврзале бизнисот од 300.000 евра со актуелната политичка ситуација. Во ред, еве му се извинуваме.

Но, фактот останува дека токму во оваа актуелна политичка ситуација, токму Митко Јанчев како градоначалник на Кавадарци, успеал да добие тендер вреден речиси 300.000 евра за чистење на улици и патишта од снег. Исто како и вицепремиерот Анѓушев, така и Јанчев е подложен на јавен дискурс, одговорност и критика.

Во продолжение „појаснувањето“ од „Ја-Ми“.