дома Македонија ДА СЕ УБИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПРЕМИЕРОТ И ЕКС-ПРЕМИЕРОТ: Опозицијата бара атентат врз високи...

ДА СЕ УБИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПРЕМИЕРОТ И ЕКС-ПРЕМИЕРОТ: Опозицијата бара атентат врз високи државни функционери, Тричковски гласноговорник!

Соросовиот експонент контролиран од СДСМ Бранко Тричковски, не запира со заканите и говорот на омраза кој го шири на социјалните мрежи, а медиумите под контрола на опозицијата ревносно ги пренесуваат неговите „ставови“ и повици за атентат врз претседателот, премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

 

– Ако сакате да воведете вистинска вонредна состојба, значи, не заебанција, не импроизација, не ѓурултија, вие морате да го убиете претседателот, премиерот или бившиот премиер, најдобро сите тројца, во тој случај би имале квалитетна легитимација пред домашната јавност и пред светот, а во рамките на тие подготовки успеете да го ликвидирате и бившиот претседател на генералното собрание на Обединетие нации, другарот Срчан, вие ќе имате основи за фантастича вонредна состојба во кој ќе можеме сите да се гордееме повеќе отколку со Илинденското востание и Народноослободителната војна и антифашистичката револуција заедно – напиша на ФБ Бранко Тричковски.

Наместо осуда, на медиумите кои кренаа голема галама околу предупредувањето на актерот Владо Јовановски дека стратеијата на Заев не води кон војна, денес или молчат или го воспеваат Тричковски и неговите повици за атентат.

Ова е не е прв пат Тричковски да повикува на убиство на висок државен функционер. Тој во колумни објавени во „Слободен Печат“ и „Плусинфо“ и двата медиуми уредувани од Бранко Геровски, замислуваше како „куршумот поминува низ главата на Груевски“. Освен ова, тој ликуваше со смртта на полицајците во Диво Насеље, посакувајќи сите да загинат.

Според Тричковски, војната била добра работа, бидејќи кога ќе загинеле патриотите, тие ќе можеле да направат „нормална“ држава.

За ниту еден повик на насилство досега не реагираше ниту ЗНМ на Насер Селмани, финансиран исто така од Сорос, УСАИД и редица други странски амбасади, но ниту МАН како здружение на новинари.

Немаше ниту дебатни емисии, во кои Тричковски беше ставен на јавен отстрел поради неговите искажани ставови.

Од Светскиот Македонски Конгрес изразија загриженост поради ваквите повици, од можен атентат врз претседателот Иванов.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Тодор Петров објави коментар за случувањата околу насилното наметнување албанска платформа од Тирана и стравување дека е можно, како во случајот на Киро Глигоров или Борис Трајковски, врз претседателот Ѓорѓи Иванов да биде извршен атентат за да помине платформата од Тирана и стане дел од македонскиот Устав и законите. Ова е коментарот на Тодор Петров на таа тема.