дома Хроника ДВАЈЦА АРАЧИНОВЦИ ПРЕВЕЗУВАЛЕ МИГРАНТИ ПА СЕ ПИШМАНИЛЕ: Две лица од Арачиново превезувале...

ДВАЈЦА АРАЧИНОВЦИ ПРЕВЕЗУВАЛЕ МИГРАНТИ ПА СЕ ПИШМАНИЛЕ: Две лица од Арачиново превезувале мигранти, но по 30 минути ги оставиле на улица

Против двајца арачиновци на возраст од 25 и 18 годинини поднесена е кривична пријава поради сомнение за криумчарење на мигранти.

Како што информираат од МВР, на 15 февруари годинава на магистралниот пат Демир Капија-Удово, полицајци пронашле 10 мигранти, сите од Еритреја, кои во текот на ноќта, со две патнички возила, требало да бидат превезени од границата со Грција до Куманово, но по 30 минути возење, лицата кои ги управувале возилата, ги оставиле на магистралниот пат Демир Капија-Удово.

По преземени мерки било утврдено дека пријавените ги управувале возилата.