дома Свет ДВАЈЦА КИНЕСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА: Поради поврзаност со новогодишниот масакар, уапсени...

ДВАЈЦА КИНЕСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА: Поради поврзаност со новогодишниот масакар, уапсени двајца Кинески државјани!

Турските власти во текот на вчерашниот ден уапсиле двајца Кинески државјани од Ујгурско потекло за вмешаност во Новогодишниот масакар во Истанбул во кој загинаа 39 лица, пренесува државната агенција Анадолу

 

Двајцата осомничени, Омар Асим и Абулиези Абудухамити се притворени од страна на Турската полиција под сомнение дека се дел од терористичка банда. Апсењето следи откако минатата недела беше објавено дека осомничените во терористичкиот напад организиран од ИСИС се од Ујгурско потекло.

Вкупно 35 лица се притворени досега, неколку Ујгурци, пренесуваат Турските медиуми.

Ујгурите се Муслиманско малцинство кое ќивее на Западот на Кина, каде што се зборува Турскиот јазик, а имаат своја дијаспора во Турција и Централна Азија.